HPC.MK и Соработка со членките на МАМЕИ

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАН: „HPC.MK и Соработка со членките на МАМЕИ“

About The Event

Online: Teams

Почитувани,

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на првиот виртуелен настан организиран во соработка со Асоцијацијата за метална и електро индустрија МАМЕИ, како дел од проектот EuroCC – Национални Центри за Компетенции за Процесирање со Високи Перформанси под наслов „Соработка со членките на МАМЕИ“. Организатори на настанот се МАМЕИ и ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator, како партнери во имплементацијата на EuroCC проектот.

Главниот фокус на активностите на EuroCC проектот е прибирање на потребната експертиза за воспоставување на мрежа на Национални центри за компетентност за HPC (Процесирање со високи перформанси – High Performance Computing), HPDA (Анализа на податоци со високи перформанси – High Performance Data Analytics) и AI (Вештачка интелигенција – Artificial Intelligence) во 31 земја-членка и земји кандидати на Европска Унија. Целта е да се обезбеди широко портфолио на услуги, прилагодено на националните потреби на индустријата, академијата и јавните администрации. Сето ова во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области во одделните држави.

На настанот ќе бидат претставени:

  1. Досегашните активностите на проектот;
  2. Можностите за соработка со компаниите и придобивките од вклучување во проектот;
  3. Неколку успешни приказни за резултатите од користењето на HPC, HPDA и AI во металната и електро индустријата; како и
  4. Начините за реализација на соработката со компаниите.

Во прилог на оваа покана Ви испраќаме краток документ со повеќе информации за проектот, како и главните придобивки од вклучување во истиот за сите заинтересирани ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.

Агенда:

14:00–14:05 Воведно обраќање, Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ

14:05–14:15 Воспоставување на EuroCC Центар за процесирање со високи перформанси, Проф. Д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ

14:15–14:25 Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI, Проф. Д-р Ивица Димитровски, ФИНКИ, УКИМ

14:25–14:40 HPC успешни приказни од Металната и електро индустрија – NewMan’s Business Accelerator и Инфините Солутионс

14:40–14:50 Начини за реализација на соработката – Проф. Д-р Ѓорѓи Маџаров

14:50–15:00 Прашања и одговори

Линк за учество

Сите заинтересирани компании може да го проследат настанот преку следниот линк: teams.microsoft.com

Истовремено, Ве покануваме да го пополните Прашалникот за мапирање на техничките компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), Анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и Вештачка интелигенција (AI), кој е достапен на следниот линк: Мапирање на HPC/Big Data/AI технички компетенции (google.com). Целта на прашалникот е да ги идентификува областите на експертиза, знаење и примена на HPC, HPDA и AI од страна на индустријата и институциите.

За повеќе информации за проектот посетете ја нашата веб локација: EuroCC@North Macedonia (hpc.mk) и следете нѐ на https://www.facebook.com/EuroCCMK .

Со почит,

МАМЕИ и Национален центар за HPC компетеции на РСН

Leave your thought here

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *