Оркестрација со Docker Swarm за MPI-базирани процеси

Оркестрација со Docker Swarm за MPI-базирани процеси

by
37 37 people viewed this event.

Вебинар #2 – Ајде Повторно!
Се враќаме со вториот вебинар од нашата серија! Придружете ни се на 16 април 2025 во 18:00 часот, лично во Амфитеатарот на ФИНКИ (ТМФ) или онлајн – како и да ви одговара.

Нови теми, добра енергија и можност да научиме нешто интересно заедно. Се гледаме таму!

Апстракт: Контенеризацијата ја револуционизираше испораката на софтвер преку обезбедување лесен, ефикасен и пренослив начин за пакување апликации заедно со нивните зависности. Меѓу водечките технологии во оваа област, Docker има трансформативна улога во начинот на кој развиваме, тестираме и испорачуваме софтвер низ различни компјутерски средини. Во ова предавање, ќе истражиме како може да се примени Docker Swarm технологијата за имплементација на MPI (Message Passing Interface) процеси во рамките на моделот за временска прогноза и истражување (WRF). Ќе поминеме низ стратегијата за распоредување и ќе прикажеме сценарио со паралелно извршување на MPI задачи користејќи Docker Swarm, при што ќе го нагласиме неговиот потенцијал за поедноставување и скалирање на сложени научни пресметки.

Биографија: Горан Петковски е систем инженер и докторанд на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со силна академска основа и практично искуство, неговата работа е фокусирана на дизајн, распоредување и оптимизација на cloud-базирана инфраструктура и околини за високоперформансно пресметување. Има учествувано и водено различни иницијативи во областа на cloud computing, вклучувајќи развој на интегрирани GPU платформи за академска употреба, стратегии за виртуелизација и напредна системска администрација. Неговото тековно истражување е насочено кон користење на вештачка интелигенција за изработка на модели за автоматизирано препознавање на шаблони во логови и детекција на аномалии.

Линк за онлајн учество: www.teams.microsoft.com

To register for this event please visit the following URL: http://No%20need%20for%20registration →

 

Date And Time

16-04-25 @ 18:00 to
16-04-25 @ 20:00

Share With Friends