HPC Курсеви за самостојно учење
април 14, 2022 2022-05-20 10:39HPC Курсеви за самостојно учење
Во рамки на EuroCC проектот кој има за цел поддршка и зголемување на националните компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), на способностите за анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и вештачка интелигенција (AI), започнуваме со објавување на бесплатни курсеви изготвени од страна на професори од ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.
За успешно следење за секој од курсевите најчесто ќе ви бидат доволни од 20 до 46 часа, а максимум до 6 недели, по што ќе имате можност за решавање на соодветен тест со цел добивање на сертификат.
Во моментов достапни се 9 курсеви, а ќе бидат додадени и нови.
КУРСЕВИ ШТО МОЖЕШ ДА ГИ СЛЕДИШ ВЕДНАШ:
1. Вовед во пресметување со високи перформанси
2. Пресметување со високи перформанси кај дистрибуирани системи (MPI)
3. Python за обработка на големи податоци
4. Обработка на природни јазици
5. Длабоко учење со TensorFlow и PyTorch
6. Користење на HPC за фузија и анализа на големи податоци од различен тип
7. Scala за обработка на големи податоци
8. Процесирање со ограничено доцнење на проточни податоци со Apache Flink
9. Скалабилна околина за HPDA базирана на контејнери и интеграција со Jupyter тетратки
Повеќе информации за менторите, потребни предзнаења, како и услови за стекнување со сертификат на https://learn.hpc.mk
Регистрирај се уште денес и збогати го твоето портфолио со овие високо-профитабилни вештини на иднината!