Бесплатен курс – „Длабоко учење со TensorFlow и PyТorch“
април 27, 2022 2022-05-20 10:06Бесплатен курс – „Длабоко учење со TensorFlow и PyТorch“
Со курсот „Длабоко учење со TensorFlow и PyТorch“ ќе научите да креирате основни модели на невронски мрежи, како LSTM, GRU, CNN како и да се запознаете со основните начини на паралелизација и да ги применуваат на масивни реални податоци.
Станува збор за бесплатен курс од серијалот „HPC курсеви за самостојно учење“, изработени во рамки на европскиот проект EuroCC.Курсот се состои од различни презентации и практични вежби кои ќе ви дадат знаење за:
1. Вовед во длабоки невронски мрежи и TensorFlow
2. Конволуциски невронски мрежи
3. Рекурентни невронски мрежи и LSTM
4. Ограничени Болцманови машини и Авто-енкодери
5. PyTorch и негова примена кај длабоки невронски мрежи
6. Паралелизација во TensorFlow и PyTorch
За следење на курсот се потребни предзнаења од:- основно предзнаење од програмскиот јазик Python и – почетни концепти од областа на машинското учење
Распределба на вкупно 28 часа:
– 9 часа предавања
– 9 часа вежби
– 9 часа самостојна работа
– 1 час решавање тестови
Курсевите се изготвени од страна на професори и асистенти од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Регистрирај се уште денес на https://learn.hpc.mk и збогати го твоето портфолио со овие високо-профитабилни вештини на иднината!
Повеќе информации на www.hpc.mk