Бесплатен Курс – „Python за обработка на големи податоци“

Бесплатен Курс – „Python за обработка на големи податоци“

279160399_984511225833980_2697918043878759101_n

Со курсот „Python за обработка на големи податоци“ ќе се запознаете со екосистемот на програмскиот јазикот Python составен од надворешни библиотеки за обработка на големи податоци и нивна визуализација.

Станува збор за бесплатен курс од серијалот „HPC курсеви за самостојно учење“, изработени во рамки на европскиот проект EuroCC.

Курсот изобилува со голем број на примери и вежби кои ќе ви дадат практично знаење за:

1. Работна околина и основи на програмскиот јазик Python

2. Работа со хомогени податочни структури

3. Работа со хетерогени податочни структури

4. Подготовка на податоци за обработка

5. Python за основни модели на машинско учење

6. Python за обработка на природните јазици

За следење на курсот се потребни предзнаења од:

– основни познавања од работа со табели од релациони бази на податоци

– основни познавања од работа со табели од релациони бази на податоци

– основни модели од машинско учење

Распределба на време:

– 20 часа за завршување на предвидените активности

– Дополнителни часови за самостојна работа, во зависност од индивидуалната потреба

Курсевите се изготвени од страна на професори и асистенти од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Регистрирај се уште денес на https://learn.hpc.mk и збогати го твоето портфолио со овие високо-профитабилни вештини на иднината!

Повеќе информации на www.hpc.mk