Бесплатен Курс – „Користење на HPC за фузија и анализа на големи податоци од различен тип“

Бесплатен Курс – „Користење на HPC за фузија и анализа на големи податоци од различен тип“

279462595_991792508439185_5704726246554432775_n

„Користење на HPC за фузија и анализа на големи податоци од различен тип“ е бесплатен курс од серијалот „HPC курсеви за самостојно учење“, изработени во рамки на европскиот проект EuroCC.

Ќе ви овозможи да се запознаете со најновите техники за длабоко учење за различни типови на податоци, како и практични вежби за работа со најпопуларните библиотеки за длабоко учење (Keras, Tensorflow, Transformers, и други.)Курсот се состои од 6 тематски единици:

1. Длабоко учење за големи податоци

2. Примена на длабоко учење за текстуални податоци

3. Примена на длабоко учење за генерирање текст

4. Примена на длабоко учење за слики

5. Длабоко учење за граф-структурирани податоци

6. Системи за препоракиЗа следење на курсот е потребно основно предзнаење од програмскиот јазик Python.

Распределба на вкупно 28 часа:

– 6 часа предавања

– 6 часа вежби

– 6 часа самостојна работа

– 2 часа решавање тестови

Курсевите се изготвени од страна на професори и асистенти од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Регистрирај се уште денес на https://learn.hpc.mk и збогати го твоето портфолио со овие високо-профитабилни вештини на иднината!

Повеќе информации на www.hpc.mk