КОНФЕРЕНЦИЈА И ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА„Дигитализација во земјоделството – предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор”
јуни 3, 2024 2024-06-03 15:44КОНФЕРЕНЦИЈА И ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА„Дигитализација во земјоделството – предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор”
Новата интердисциплинарна студиска програма по Дигитално земјоделство беше поводот за Kонференцијата и панел дискусијата на тема „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско – прехранбен сектор” во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (ФЗНХ).
Научната мисла и идеја, преку дискусиите на присутните претставници на неколку образовни институции, на бизнис секторот, претставници на фармерите и на експерти од Хрватска и Словенија, сe соочи со практичното искуство како да се прилагоди студиската програма и да се одговори на барањата на реалниот сектор.
Конференцијата ја отворија проф. д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ и проф. д-р Лазо Пендовски, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Програмата за дигитално земјоделство е развиена по принцип на интердисциплинарни студии, односно идните студенти, покрај предмети од земјоделските науки и храната, ќе следат и предавања од ФИНКИ, ФЕИТ и МФ.
За успешно реализирање на студиската програма клучна е новата Лабораторија за дигитално земјоделство, поддржана од Increasing Market Employability – IME, GIZ North Macedoniaи Swg Secretariat.