Вештачка интелигенција и пресметување со високи перформанси во молекуларни симулации и откривање на лекови
април 22, 2025 2025-04-24 12:30
Вештачка интелигенција и пресметување со високи перформанси во молекуларни симулации и откривање на лекови
Нов Вебинар: Не ја пропуштајте шансата за ново знаење!
Со задоволство ве покануваме да присуствувате на нашиот нов вебинар, каде што ќе имате можност да научите повеќе за Вештачка Интелигенција (AI) и Пресметувањето со високи перформанси (HPC) во молекуларни симулации и откривање на лекови од врвни експерти во областа. Вебинарот ќе може да се следи и онлајн
Апстракт: Ова предавање истражува како пресметувањето со високи перформанси (HPC) и вештачката интелигенција (AI) ги менуваат современите процеси на откривање на лекови и молекуларни симулации. Долгите временски рамки, високите трошоци и ниските стапки на успех често го одложуваат традиционалното фармацевтско истражување. AI и HPC овозможуваат побрзa проверка на соединенија, прецизни прогнози на молекуларни интеракции и софистицирани симулации на комплицирани биолошки системи. Во склоп на предавањето, ќе бидат разгледани и основите на молекуларната динамика и квантната хемија, инфраструктурата и капацитетот на HPC системите, како и начинот на кој AI моделите го трансформираат дизајнот на соединенија, предвидувањето на цели и проценка на токсичност на лековите. Преку студии од реалниот свет ќе биде покажана синергијата помеѓу AI и HPC во справувањето со глобалните здравствени предизвици. Предавањето исто така ќе даде насоки како да се започне со работа во оваа интердисциплинарна област, примери на платформи и препорачани ресурси за учење.
Кратка биографија:

Бојана Котеска е вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат научно пресметување, вештачка интелигенција и обработка на биомедицински сигнали. Има учествувано во повеќе од 35 меѓународни и национални истражувачки проекти, а исто така автор е на над 80 научни трудови и две книги. Освен академската улога, д-р Котеска има развиено различни курсеви во рамки на мрежната е-академија GÉANT, фокусирани на податочна наука, вештачка интелигенција и други напредни технологии. Таа исто така го предводи тимот за анализа на податоци при мрежната е-академија GÉANT, каде што работи на обезбедување на решенија за поддршка на работењето на мрежата.
Линк за онлајн учество: www.teams.microsoft.com