About The Event
Почитувани,
Ни претставува особена чест да Ве поканиме на првиот виртуелен настан организиран во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, како дел од проектот EuroCC – Национални Центри за Компетенции за Процесирање со Високи Перформанси под наслов „Соработка со членките на Сојузот на стомански комори“. Организатори на настанот се Сојуз на стопански комори и ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator, како партнери во имплементацијата на EuroCC проектот, чија основна цел е да обезбеди широко портфолио на услуги во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за HPC (Процесирање со високи перформанси), HPDA (Анализа на податоци со високи перформанси) и AI (Вештачка интелигенција), како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области од работењето на компаниите.
На настанот ќе бидат претставени досегашните активности на проектот; можностите за соработка со компаниите и придобивките од вклучување во проектот; начините за реализација на соработката со компаниите, како и неколку успешни приказни за резултатите од користењето на HPC, HPDA и AI во индустријата.
Главни придобивки од вклучување во проектот за компаниите
- Бесплатна помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI.
- Пристап до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци.
- Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од областите на HPC, HPDA и AI.
- Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
- Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
- Размена на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI.
- Размена на знаења, модернизација и поддршка за развивање на бизнис модели.
- Поддршка за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за развој и отворање на нови бизнис можности на компаниите/организациите.
Во прилог на оваа покана Ви испраќаме краток документ со повеќе информации за проектот, како и можностите кои ги нуди истиот за сите заинтересирани ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.
Агенда:
10:00–10:05 Воведно обраќање, Даниела Арсовска, Претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија
10:05–10:15 Воспоставување на EuroCC Центар за процесирање со високи перформанси, Проф. Д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ
10:15–10:25 Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI, Проф. Д-р Ивица Димитровски, ФИНКИ, УКИМ
10:25–10:35 Начини за реализација на соработката – Проф. Д-р Ѓорѓи Маџаров
10:35–10:50 HPC успешни приказни од Металната и електро индустрија – NewMan’s Business Accelerator и Инфините Солутионс
10:50–11:00 Прашања и одговори
Линк за учество
Сите заинтересирани компании може да го проследат настанот преку следниот линк: https://teams.microsoft.com/l/meetup-join
Истовремено, Ве покануваме да го пополните Прашалникот за мапирање на техничките компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), Анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и Вештачка интелигенција (AI), кој е достапен на следниот линк: Мапирање на HPC/Big Data/AI технички компетенции (google.com). Целта на прашалникот е да ги идентификува областите на експертиза, знаење и примена на HPC, HPDA и AI од страна на индустријата и институциите.
За повеќе информации за проектот посетете ја нашата веб локација: EuroCC@North Macedonia (hpc.mk) и следете нѐ на https://www.facebook.com/EuroCCMK .
Со почит,
Сојуз на стопански комори на Македонија и Национален центар за HPC компетеции на РСН