Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку различни канали за комуникации
февруари 25, 2021 2021-03-31 20:32Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку различни канали за комуникации
Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку различни канали за комуникации
Една од главните долгорочни цели на проектот е да обезбеди различни канали за комуникација со и во рамките на индустријата, да ги зголеми капацитетите на заинтересираните индустриски партнери за HPC, HPDA и AI алатките и апликациите и да воспостави процес што ќе им помогне на компаниите во лесно наоѓање решенија за нивните проблеми преку употреба на постојниот центар на експерти, можностите за учење и трансферот на знаење, учество на специјализирани работилници за идентификување и решавање на проблеми, учество на специјализирани семинари, итн.
Во рамки на компонентата наменета за воспоставување на соработка со индустријата (со посебен фокус на малите и средни претпријатија), академијата и јавните институции, проектот ги нуди следните можности:
- врз основа на постоечки податоци и поддршка за нивна анализа и решавање преку изработка на доказ на концепти, прототипи и персонализирани обуки.
- a помош за:
- процесирање со високи перформанси, статистичка и предиктивна анализа на податоци
- aкцелератори, хабови и високо-технолошки стартап и спиноф компании.
- Олеснување на трансферот на знаења, вештини, технологии и методи, преку организирање на:
- Генерички обуки на тема HPC, големи податоци и вештачка интелегенција
- Персонализирани обуки согласно потребите на одделните компании и организации
- Овозможување на пристап до научна и техничка експертиза и бази на знаења
- Споделување на успешни приказни од други ентитети, со цел да се добијат идеи за користење на разни алатки за HPC, големи податоци и вештачка интелигенција во работењето.
Главни придобивки
- помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI.
- обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од областите на HPC, HPDA и AI.
- изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
- до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци.
- на модернизација, скалабилност, раст, развој и отварање на нови бизнис можности за компаниите.
- до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
- на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI.
- за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за поддршка на растот и развојот на компаниите/организациите.